Како што се ближи денот на избори во САД, така се зголемуваат и проекциите за тоа кој кандидат ќе победи во клучните неопределени држави и ќе обезбеди доволно поддршка во Изборниот колеџ, републиканецот Доналд Трамп или демократот Џо Бајден. Иако сѐ уште ништо не е решено, статистичките податоци од Националните архиви и обработка на податоци на САД покажуваат дека демократите не треба да придобијат многу неопределени држави за да ги обезбедат клучните гласови за победа.
Трамп своевремено тврдеше дека неговата победа е „најголемата победа“ во Изборниот колеџ уште од времето на Роналд Реган, но статистичките податоци сепак нудат малку поинаква слика. Всушност, според бројките, Трамп освои помалку изборни гласови од сите освен еден претседател од времето на Роналд Реган. Со 271 глас во 2000 година и со 286 гласа во 2004 година, Џорџ Буш Помладиот е единствениот кандидат што победил со помала разлика.