Претседателот Бајден најави повлекување на 2.500 американски војници и на уште 7.000 од НАТО од Авганистан во мај, а целосното повлекување треба да заврши на 20-годишнината од терористичките напади на 11 септември. Во едно свое обраќање од Белата куќа, Бајден порача дека е „четвртиот американски претседател што раководи со присуството на американската војска во Авганистан. Досега тоа го правеле двајца републиканци и двајца демократи и нема да му ја предаде таа одговорност на петтиот“. Во текот на речиси две децении, во најдолгата војна на Америка беа потрошени две илјади милијарди долари, беа загубени 110.000 авганистански животи, а се жртвуваа и 3.500 членови на коалициските служби, вклучувајќи околу 2.400 Американци. Објавата на Бајден ќе се покаже клучна за Авганистан и може да го поттикне патот кон мирот или ќе ја втурне земјата во понатамошна неизвесност и насилство. Бајден истакна дека не му било тешко да донесе ваква одлука, бидејќи целта била да се ослободат од Бин Ладен и Авганистан да не биде повеќе терористичко упориште, но не и да го обединат.