Русија се подготвува да ја пласира на пазарот својата вакцина „спутник 5“ против ковид-19 наспроти обвинувањата дека не поминала низ соодветен процес на тестирање. Тестовите од последната фаза со учество на 400.000 луѓе почнаа неодамна. „Спутник“ е веќе задолжителен за воениот персонал, додека мал независен синдикат на наставници ги повика своите членови да не прифаќаат принудно да примаат вакцина при враќањето во училиште. Иако Русија речиси сигурно ќе изврши масовно вакцинирање во наредниот период, неодамнешно истражување на „Ипсос МОРИ“ открива дека само 57 отсто од Русите сметаат дека вакцината против ковид-19 ќе биде достапна до крајот на 2020 година. Можеби е така зашто голем дел од јавноста сака да види како завршуваат последните испитувања пред да се определи за „спутник“.

Кина исто така разви вакцина, обврзувајќи ги припадниците на нејзината војска да ја земат пред да завршат тестовите за комерцијална продажба.
„Кансино биолоџикс“ веќе објави позитивни испитувања и тие одекнаа во јавноста. Во земјата, 87 отсто од граѓаните се согласуваат дека вакцината против ковид-19 ќе биде достапна во Кина до крајот на годината. Во САД и во Германија бројот на оптимисти е многу помал, само 34 и 24 отсто.