Протести против расизмот во Франкфурт

Протестите во САД против расизмот и полициската бруталност, поттикнати од смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд при полициско апсење во мај во Минеаполис, се проширија во повеќе европски земји, меѓу кои и во Германија.

Според германската Федерална агенција за борба против дискриминација (АДС), луѓето сè уште се соочуваат со дискриминација врз основа на нивното етничко потекло, пол или инвалидитет. Ова е илустрирано и во графиконот, кој покажува како биле дискриминирани 3.580 лица што се пријавиле во агенцијата за совет. АДС помага да се советуваат и поддржуваат луѓето низ Германија.

Подготвил: Дејан Србиновски