Во приходите од електронската трговија во Европа беше забележан пораст од 20 отсто во 2020 година, според анализата на „Статиста“ за дигитални пазари, што претставува двојно зголемување за разлика од периодот од 2018 до 2019 година пред пандемијата. Се прогнозира дека овие приходи ќе ја надминат поставената цел од 500.000 долари до 2022 година. Во 2020 година, најголемите приходи беа остварени во модата со 130.450 милиони долари. Веднаш зад неа се приходите од продажбата на електроника и комуникациски уреди со над 95.000 долари, додека од продажбата на играчки, реквизити за хоби и рачни изработки беа остварени над 80.000 милиони долари.