„Ипсос“ спроведе истражување во однос на тоа кои се најголемите причини за загриженост во светот. Според истражувањето, тековната пандемија на коронавирусот сè уште предизвикува големи главоболки во светот, но повеќе не е главна причина за многумина. Изненадувачки, 63 отсто од Швеѓаните изјавиле дека се загрижени за криминалот и насилството покрај тоа што живеат во релативно безбедна држава. За ова најмногу биле загрижени во Мексико и во САД. Американците се повеќе поделени за разлика од другите земји околу тоа што ги загрижува. Од нив, 33 отсто рекле дека криминалот и насилството се прва причина, потоа коронавирусот (25 отсто), климатските промени (23 отсто) и корупцијата (22 отсто).
Невработеноста беше главна причина за загриженост во Јужна Африка, со 62 отсто, и во Италија, со 55 отсто, додека коронавирусот сè уште е актуелна причина во Азија, со тоа што дури 76 отсто од Малезијците се преокупираат со овој проблем и наедно највисоко котираат во истражувањето. Колумбија е најзагрижена за корупцијата, со 55 отсто, а 58 отсто од Русите ги мачи сиромаштијата.
Интересно е тоа што климатските промени не се главен проблем за ниту една од 28-те земји во истражувањето. Во една слична анкета на „Галуп“ за тоа која е најголемата закана по државите, сè повеќе нации се вртеле кон проблемот со климатските промени, што покажа голема разлика меѓу нивното препознавање како закана и лична загриженост.