Панично купување храна поради пандемијата на коронавирусот

Во обидот да се намалат фрлањето храна и гладот на глобално ниво, во последно време се зголемуваат повиците за значително реформирање на актуелниот систем за одредување на крајниот рок за употреба на разни видови храна.

Повеќето луѓе во светот честопати се нашле во ситуација да се посомневаат во исправноста на храната и во крајниот рок на употреба, па кога треба да одлучат обично се претпазливи и, пред сѐ, се решаваат да ја фрлат храната отколку да ја јадат по истекувањето на означениот рок. Со други зборови, токму ваквите мнозински случаи придонеле за тоа на глобално ниво да се фрлат околу 340 милиони храна.

Значителни промени во системот на определувањето на крајниот рок за употреба на одредени видови храна би можело да ги појасни работите и да помогне да се намали овој вид отпад од храна. Според упатствата утврдени од германската банка за храна „Тафел Дојчленд“, просечниот краен рок на употреба на одредени прехранбени производи е премногу конзервативен. На пример, некои видови храна, како тестенини и ориз, често можат да се јадат и една година по истекувањето на датумот означен на пакувањето. Дури и видовите храна како што се јајцата, за кои обично се води уште поголема грижа, потрошувачите може да ги употребуваат дополнителни 21 ден по истекувањето на крајниот рок на пакувањето, според „Тафел Дојчленд“.