Како резултат на раните напори за обезбедување кандидати за вакцини, процесот за нивно брзо одобрување од страна на властите и ефикасната инфраструктура за нивно давање, некои влади веќе се далеку пред други земји во масовната вакцинација против ковид-19. Порталот на кој се објавуваат светски статистики („Нашиот свет низ податоци“), па и темпото за вакцинација, открива дека Израел води во трката за вакцинација на 60-70 отсто од населението што е потребно за генерално сузбивање на ширењето на коронавирусот меѓу луѓето. До 6 февруари, Израел потроши 62,87 дози на 100 граѓани, што вкупно изнесува околу 5,4 милиони дози. Досега оваа држава има највисока вакцинациска стапка, а веднаш зад неа се Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), со дадени 42,48 дози на 100 жители, и Велика Британија, со дадени 17,64 дози. Во САД вакцинациската стапка изнесува 11,67 дози на секои 100 жители.
Израел во моментов води во вакцинациското темпо, а државата почна со овој процес на 19 декември и оттогаш секојдневно вакцинира по околу 150.000 лица.