Очигледно, одбивањето на Пекинг да се потчини на притисокот од САД во однос на технологијата само ќе го одолжи нивниот трговски спор. Истовремено, Кина ќе настојува да се снабдува со технологија и да соработува околу посебните секторски активности со напредните технолошки сили како Јапонија, Израел, Тајван и ЕУ, но таквите активности ќе наидат на силни критики поради загриженоста од кинеските инвестиции и индустриската шпионажа.

Пекинг ќе сака да ги зачува комуникациските врски со Вашингтон во однос на трговијата со тоа што ќе се понуди да купува дополнителни американски производи и селективно да ги намалува инвестициските бариери, но неговите компромиси нема да ги исполнат американските барања за структурни економски реформи. Сепак, Кина ќе возврати со иста мера на американските мерки чија цел се кинеските фирми и ентитети, а нема да преземе никакви казнени мерки против американските бизниси. Пекинг исто така ќе ги продлабочи реформите во јавниот сектор со тоа што ќе бара надворешни инвестиции за неговите финансиски, автомобилски и енергетски сектори. Исто така, ќе ги олесни рестрикциите во секторите што се согласуваат со примарните интереси на Кина, како што се медицинските услуги и образованието.

Одбивањето на Кина да ги прифати американските барања ќе го одолжи актуелниот трговски спор.

САД сè уште ќе бараат од Кина да ја намали државната поддршка за нејзиниот технолошки сектор, но тоа само ќе го поттикне Пекинг да ги забрза напорите за да ја намали зависноста на Кина од странската технологија и да го рашири својот синџир на испорака, со тоа што ќе ја интензивира потребата за државна поддршка на овој сектор. Очигледно, одбивањето на Кина да се потчини на притисокот од САД во однос на технологијата само ќе го одолжи нивниот трговски спор. Истовремено, Кина ќе настојува да се снабдува со технологија и да соработува околу посебните секторски активности со напредните технолошки сили како Јапонија, Израел, Тајван и ЕУ, но таквите активности ќе наидат на силни критики поради загриженоста од кинеските инвестиции и индустриската шпионажа.

Бидејќи раширената трговска војна се заканува по економијата на Кина во крајбрежните региони (и наедно и по општествената стабилност), Пекинг ќе ги намали строгите регулативи чија цел е да го ограничат долгот и да ја заштитат животната средина додека се подобрува инфраструктурата, се поттикнуваат кредитите и се нудат директни субвенции за зголемување на порастот. Кина исто така внимателно управува со курсот на јуанот за да ја ублажи штетата по извозот, а со тоа и да се одржува со намалениот раст. Но акумулирањето на долгот и проблематичниот пазар на домување ќе ја ограничи можноста на Пекинг да користи огромни кредитни текови и остри девалвации на валутите како средства за економски стимул.

Кина ќе мора повеќе да се потпира на фискалниот стимул, вклучувајќи го намалувањето на даноците, за да ги поттикне потрошувачката и активноста во приватниот сектор.

Ова исто така ќе ја поттикне почестата употреба на јуанот во размената на валути и во трговијата со државите што се вклучени во иницијативата „Еден појас, еден пат“ за да се ублажи нестабилноста на валутите. За да се заштити од американскиот трговски притисок, Пекинг ќе настојува за билатерални и регионални договори за слободна трговија, како што е Сеопфатното регионално економско партнерство во индопацифичкиот регион и тристраните преговори со Јапонија и Јужна Кореја, додека истовремено формира врски со новите пазари за извоз во иницијативата „Еден појас, еден пат“ во Африка. Економиите во подем во Југоисточна Азија, во меѓувреме, ќе привлекуваат разни фабрики што ќе се релоцираат од Кина за време на трговската војна. Заканите по целиот регионален синџир на снабдување и надворешната финансиска нестабилност исто така може да претставува предизвик по државите со повисок долг или со дефицит на тековните сметки, како што се Малезија, Индонезија и Филипините.

Додека се обидува да ја ослаби американската регионална сојузничка структура, Кина ќе продолжи да посредува за да го прошири влијанието во Јапонија, Индија и кај членките на Асоцијацијата на југоисточни азиски нации (АСЕАН) со тоа што во преден план ќе ги стави решавањето на споровите и економските партнерства додека истовремено ќе сака да почне преговори и со Австралија, чии избори закажани за април би можеле да доведат до зближување во односите. Истовремено, Вашингтон ќе го зголеми своето поморско присуство во Јужно Кинеско Море и Тајванскиот Проток и дополнително да го предизвика принципот на „една Кина“ со тоа што би го зајакнал статусот на Тајпеј во меѓународните асоцијации и ќе ја официјализира продажбата на оружје, поморските патроли и посетите на високо ниво.

Американската морнарица ќе биде поприсутна во Јужно Кинеско Море и Тајванскиот Проток со што ќе ја провоцира Кина да заземе посилна воена позиција.
Како одговор на тоа, Кина ќе усвои поцврсти поморски и воздушни позиции за да ги поткрепи територијалните барања со што ќе се зголемат шансите за несреќи во кои би била вклучена американската војска. САД размислуваат да изградат поморско пристаниште во Тајван што би предизвикало подиректен воен одговор на Кина. Јапонија, Индија и Австралија ќе ја зголемат безбедносната соработка со Вашингтон, но тие нема да се вклучат во американските слободни навигациски операции во Јужно Кинеско Море или патролите во Тајванскиот Проток. На други места во регионот, воените вежби на САД и на АСЕАН, како и американско-виетнамската одбранбена соработка ќе ги усложни кинеските напори за да се ограничи понатамошната регионална експанзија на американското влијание.

САД имаат намера да извлечат видлив компромис од Северна Кореја во 2019 година. Но ова е исто така годината во која Пјонгјанг се надева дека најмногу ќе го искористи претседателството на Трамп пред САД да го свртат вниманието кон својот изборен циклус. Со оглед на очигледниот висок ризик од отворена војна, ниедна страна нема намерно да го уништи дијалогот. Северна Кореја внимателно ќе понуди конкретни барања, но исто така ќе очекува конкретен напредок во олеснувањето на санкциите или кон мировен договор, а во текот на процесот ќе кочи и ќе одложува секаде каде што ќе има шанса. Пјонгјанг исто така ќе инсистира на гаранции дека секаков билатерален договор ќе важи и покрај промената на власта.

САД ќе се двоумат да ги продолжат економските мерки за спас за Северна Кореја со повлекување на санкциите, но времето е на страната на Пјонгјанг со оглед на тоа како ќе се одвива меѓународниот консензус за одржување на санкциите. Засега, ветото на Вашингтон во Советот за безбедност на ООН ќе може да блокира секакви обиди да се укинат мултилатералните мерки, дури и ако Кина и Русија настојуваат меѓународната заедница да ја награди Северна Кореја за нејзината соработка. Истовремено, САД ќе ги притискаат другите за да се согласат на санкциите со тоа што јавно ќе ги напаѓаат престапниците и ќе се закануваат со второстепени санкции за оние кои ќе соработуваат со Пјонгјанг. Со дополнителното комплицирање на состојбата, тензичните односи меѓу двете Кореи ќе достигнат степен до каде што нема да може да продолжат без исклучок на санкции, нешто што САД ќе го одобрат само по внимателно разгледување. Зголемените разлики во чекорите на меѓукорејскиот дијалог и чекорот на американско-севернокорејските дискусии ќе остави простор за Кина да го наметне своето влијание врз Корејскиот Полуостров. Општо земено, иако во текот на целата година ќе се забележуваат напредувања и назадувања, сепак Северна Кореја сè уште ќе задржи многу елементи од нејзината тешко стекната нуклеарна програма на крајот од 2019 година.


Спроведување на иницијативата „Еден појас, еден пат“

Со пристапот до американските пазари под притисок, Пекинг ќе ги удвои обидите да најде нови пазари за извоз и партнери преку иницијативата „Еден појас, еден пат“. Вашингтон главно ќе работи со Јапонија и со Австралија за да понуди алтернативни инфраструктурни инвестиции за да ги спречи кинеските амбиции во регионот Индо-Пацифик, но Пекинг ќе ја смири загриженоста на можните партнери за финансиската одржливост, политичкото влијание и заканите по националната безбедност со привлекување инвеститори од трета страна. Тој исто така ќе работи да ги наруши регионалните иницијативи на Вашингтон со настојувањето за проекти со средните сили, вклучувајќи ги Јапонија, ЕУ и Индија.