Новото истражување на „Евробарометар“ покажува каде во Европа населението најтешко се справи со строгите рестрикции на движењето во пандемијата. По избивањето на пандемијата, властите во Европската Унија воведоа разни рестриктивни мерки, од национални карантини, до локални рестрикции и полициски час. Во поголем дел од континентот, угостителските објекти и кината со месеци беа затворени што се одрази по психичкото и физичкото здравје на граѓаните.
По шестмесечен строг карантин, Грција конечно ги отвори летните тераси на угостителските објекти. Според „Евробарометар“, една четвртина од Грците се изјасниле дека тешко се справувале со строгите мерки за ограничување на движењето, кои дури оставиле последици по нивното психичко и физичко здравје. Веднаш зад нив во истражувањето се Португалците со 21 и Словенците со 20 отсто. Ирска исто така ги затвори угостителските објекти и воведе дозвола за движење на граѓаните во радиус од само пет километри од местото на живеење. Затоа не изненадува тоа што Ирците се најдоа на четвртото место на листата пред Австрија.