Според податоците на Светскиот совет за злато, побарувачката на злато падна на најниско ниво во четвртиот квартал лани по финансиската криза од 2008 година. Пандемијата на коронавирусот има далекосежни последици и беше главниот фактор што стоеше зад ваквата слаба побарувачка во текот на 2020 година.
Бројките за цела година покажуваат дека пазарот на златото лани се намалил за околу 14 отсто во споредба со претходната година. Кај централните банки беше забележан драстичен пад од 59 отсто, но падот во златарскиот бизнис исто така беше двоцифрен (-33 отсто). Технолошкиот сектор, под влијание на пандемијата, забележа пад од седум отсто лани, односно на 301,9 тон. Сепак, годината заврши позитивно со тоа што во четвртиот квартал се оствари мал раст до 84 тони во однос на претходната година.