Италија и Шпанија се меѓу најпогодените земји

Италија и Шпанија се меѓу земјите што беа најрано и најтешко погодени од пандемијата на коронавирусот. Со повеќе од 34.000 и 28.000 потврдени смртни случаи, Италија и Шпанија ја почувствуваа смртоносната сила на новиот коронавирус, од кој загинаа над 600.000 луѓе на глобално ниво и кој го доведе до мирување јавниот живот во целиот свет.
Покрај смртоносните последици од ковид-19, Италија и Шпанија се исто така меѓу земјите што се најранливи на економскиот исход од пандемијата. Двете држави многу се потпираат на патувањата и на туризмот, кои изминатите месеци запреа или се многу ограничени до денес, наспроти постепеното повторно отворање. Покрај тоа, двете држави се мачеа на економски план дури и пред избувнувањето на здравствената криза, со високи нивоа на јавен долг и стапки на невработеност меѓу највисоките од сите земји на ОЕЦД.

Податоците од Светскиот совет за патувања и туризам (ВТТЦ) покажуваат дека патувањата и туризмот учествувале со 14,3 и 13 отсто во БДП на Шпанија и на Италија минатата година, вклучувајќи ги и директните приходи од хотелите, туристичките агенти, авиокомпаниите, рестораните и друго, како и огромните суми од милијарди долари што туристите ги носат на нивните брегови. На пример, во САД вкупното влијание на патувањата и туризмот беше значително помало, со 8,6 отсто од БДП. Дури и со таквата пониска стапка, патувањата и туризмот директно поддржуваат повеќе од шест милиони работни места во САД, при што вкупниот придонес во однос на вработувањата изнесува 16,8 милиони работни места во САД, според ВТТЦ.