Процент на жени што поднеле апликации за патентирање иновации во повеќе земји во изминатите десет години

Студијата објавена од Канцеларијата за интелектуална сопственост на Велика Британија ги анализира апликациите за патентирање иновации во светот и открива дека огромно мнозинство од нив се поднесени од мажи.

Во изминатата деценија е забележан бавен напредок за постигнување родова еднаквост во оваа сфера. Минатата година женските пронаоѓачи учествувале само со 13 отсто во вкупниот број поднесени апликации за патентирање иновации во светот.

Во САД и во Велика Британија процентот на жени пронаоѓачи во однос на апликациите за патентирање иновации изнесувал 10,04 и 9,44 отсто во периодот меѓу 1998 и 2017 година. Некои држави можат да се пофалат дека имаат многу поголем удел на жени, особено во Африка. Студијата покажа дека Того и Уганда имаат најголем процент жени со апликации за патентирање иновации.