На 10 септември се одбележа светскиот ден за превенција од самоубиство во организација на Меѓународната асоцијација за превенција на луѓето што посегнуваат по својот живот (ИАСП) и наедно беше одобрен од Светската здравствена организација (СЗО). Темата во 2021 година беше „Создавање надеж преку акција“ што „ја одразува потребата за колективна акција за решавање на ова итно прашање во јавното здравје. Сите ние што сме членови на семејство, пријатели, соработници, припадници на заедницата, едукатори, верски лидери, здравствени работници, политички претставници и влади, можеме да преземеме акција за да се спречи самоубиството“.
Како што покажува овој инфографик, стапката на луѓето што посегнуваат по својот живот варира во голема мера во светот, но едно нешто се забележува насекаде. Како што покажуваат процените на СЗО на наведениот инфографик, стапката на самоубиство кај мажите е значително повисока во повеќето држави. Од вкупно 15 разгледани тука, највисока стапка кај мажите беше забележана во Русија со 38,2 и во Јужна Африка со 37,9 случаи на 100.000 жители до пред почетокот на пандемијата. Што се однесува до жените, највисока стапка на самоубиства меѓу нив имаше во Јужна Кореја и во Индија со 13,4 и 11,4 отсто соодветно.