Откако 2017 година беше прогласена за најбезбедна година во историјата на комерцијалното воздухопловство, бројот на загинати во авионски несреќи драстично се зголеми минатата година. Во 2018 година се регистрирани 15 авионски несреќи во кои животите ги загубиле 556 лица. Тоа е драматично зголемување во однос на 2017 година, кога се регистрирани 44 смртни случаи, според Мрежата за безбедност во авиосообраќајот.

И покрај зголемувањето, 2018 година е трета најбезбедна година досега според бројот на фатални несреќи и деветта според бројот на жртви меѓу патниците. Се проценува дека годишно има по 37,8 милиони лета во светот, со по една фатална несреќа на 2,5 милиони лета.