Покрај тешките околности и негативниот удар на пандемијата врз автомобилската индустрија, лани многу земји забележаа бум на пазарот на електрични возила. Според процените, продажбата на електрични автомобили изнесувала 4,2 отсто од вкупната ланска продажба на возила, што е зголемување од 2,9 отсто во однос на 2019 година. Иако само осум земји пријавиле поголем удел од пет или повеќе отсто во однос на 2019 година, сепак 13 држави успеале да ја зголемат продажбата на електрични автомобили над 10 отсто само лани. Како и во претходните години, Норвешка води со 75 отсто удел во продажбата на електрични возила, додека Исланд, Шведска и Финска исто така се вбројуваат меѓу водечките пет држави, што сведочи за брзото пласирање на ваквите автомобили на скандинавскиот пазар. Кина, која дефинитивно е најголемиот пазар за продажба на електрични автомобили, не се наоѓа меѓу првите десет држави, со тоа што продажбата таму на овој тип возила изнесува 6,2 отсто. Од друга страна, САД заостануваат далеку со удел од само 2,3 отсто.