надмина пет милиони

САД поминаа уште еден мрачен праг во својата битка против ковид-19, при што бројот на случаи надмина пет милиони лица. Додека некои земји како што е Нов Зеланд успешно ја потиснаа пандемијата, вакцината сега се чини дека е единствената надеж за голем дел од човештвото да се справи со инфекциите и да се врати во некој вид нормалност. Русија веќе објави дека има вакцина, но Западот е сомничав. Американски здравствени експерти велат оти се оптимисти дека вакцината ќе биде готова до почетокот на 2021 година.

Дури и да се случи тоа, голем дел од американското население не би сакало да ја прими. Според новата анкета на „Галуп“, спроведена помеѓу 20 јули и 2 август, повеќе од една третина од американските возрасни лица не би биле подготвени да примат вакцина против ковид-19, одобрена од здравствените власти и бесплатна.

Исто така, се забележува значителна партиска поделеност во ставовите, при што 81 отсто од демократите велат дека би биле подготвени да се вакцинираат, додека 53 проценти од републиканците изјавиле дека не сакаат. Поделени според возраста, 76 отсто од Американците на возраст меѓу 18 и 29 години рекле дека ќе примат вакцина, заедно со 70 отсто од постарите граѓани, додека нивоата на неподготвеност се највисоки кај средовечните лица.