Лекарите доселеници или лекарите обучени во странство претставуваат значаен дел од вкупниот број здравствени работници во повеќе земји во Европа. Некои држави имаат поголема, а некои помала зависност од овој кадар, покажуваат податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). На пример, 39 отсто од лекарите во Ирска се обучени во странство, што е највисок процент во Европа, малку поголем од тој во Норвешка, каде што изнесува 38 отсто. Во други земји зависноста е многу помала, па, така, во Италија само 0,8 отсто од лекарите се обучени во странство.