На 17 септември беше одбележан Денот на Уставот во САД, со кој им се оддава почит на американскиот устав и оние што станале американски државјани. На 17 септември 1787 година беше официјално потпишан овој документ, пред да биде ратификуван во 1788 година и конечно стапи во сила во 1789 година. Како што покажува инфографикот, американскиот устав е меѓу најстарите што важат сè уште и денес.
Обединетото Кралство го има најстариот устав ако се земе предвид Магна-карта или Големата повелба од 1215 година. Сметан за основачки инструмент на уставната рамка на Обединетото Кралство, два од неговите члена сè уште се во сила и денес, а едниот од нив гласи: „Ниеден слободен човек нема да биде фатен, затворен, лишен, гонет, протеран или да му се наштети на каков било начин, ниту, пак, на каков било начин ќе му се суди освен со законска пресуда на оние еднакви на него и според законот на земјата“.
Како што може да се забележи на инфографикот, некои од најстарите демократии во светот постојат околу 150 години.