Според извештајот на Обединетите нации и неколку медиуми, 77 земји во светот воведоа целосна или делумна забрана за пластични кеси. Иако пластичните кеси се особено популарни во Африка, најголемиот дел од 32 држави што избраа да воведат такса (или данок) за ограничување на употребата на пластичните кеси се наоѓаат во Европа. Земјите во развој има поголема веројатност да забранат одредени видови пластични кеси, бидејќи поголем проблем е лошото справување со пластичниот отпад. Чесни исклучоци од трендот се Франција, Австрија, Италија, а од 2022 година и Германија, кои забранија одредени видови тенки пластични кеси и бараат да бидат заменети со разградливи. Додека сериозноста за забраната на пластични кеси варира од држава во држава, само на некои места има целосна забрана на сите неразградливи пластични кеси. Многу земји ги изземаат поотпорните пластични кеси за повторна употреба од забраните, додека истовремено бараат од потрошувачите да плаќаат за нив. Во Кина важи забраната за пластични кеси уште од 2008 година, а во исто време воведе и такса за поотпорните кеси. САД и Австралија немаат национални забрани или такси на пластичните кеси, иако овие закони се воведени во некои сојузни држави. Индија ги одложи плановите за сличен закон поради пандемијата.