Државите во светот многу брзо почнаа да ја имплементираат 5Г-технологијата. Според еден извештај на американската независна владина Агенција за општи услуги (ГСА), 58 земји имаат воведено 5Г-мрежи заклучно со јуни годинава, наспроти 38 држави лани. Десетина други делумно имаат спроведено ваква мобилна технологија. Всушност, се очекува за три и пол години 5Г-технологијата да достигне една милијарда корисници во споредба со четири години за 4Г и 12 години за 3Г.
Северна и Јужна Америка, како и Европа, се на чело на имплементираната 5Г-технологија, како што може да се забележи од инфографикот. Но речиси секоја држава од Азија има свои инвестиции во оваа технологија. Јужна Кореја е државата што прва воведе 5Г-мрежа и се очекува да го задржи водечкото место додека постепено се шири усвојувањето на оваа технологија во светот. До 2025 година, речиси 60 отсто од корисниците на мобилни телефони во Јужна Кореја се очекува да користат 5Г-мрежа.