САД и официјално го напуштија Парискиот договор за климата, со што станаа првата земја што некогаш се откажала од меѓународен пакт за климатски промени. Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, вети дека ќе промени неколку политики на Доналд Трамп и изјави дека одново ќе се приклучи кон Парискиот климатски договор веднаш штом ќе ја преземе функцијата.
Според анкета на Југов, 55 проценти од возрасните во САД или целосно или делумно го поддржуваат повторното приклучување на пактот, додека 16 проценти целосно или делумно се против приклучувањето. Резултатите на Југов покажуваат значителна политичка поделба кога станува збор за ова прашање. Имено, мнозинството демократи се за приклучување на договорот, додека мнозинството републиканци се против.