За време на претседателскиот мандат на Доналд Трамп, помалку Американци ја сметале нуклеарната програма на Северна Кореја како критична закана за САД, покажуваат две истражувања на Советот за глобални прашања во Чикаго, во кои учествувале над 2.000 возрасни лица во САД. Во меѓувреме, стравот од моќта и влијанието на Кина и на Русија, како и заканата од климатските промени сѐ повеќе ја загрижува американската јавност.
Актуелниот претседател на САД Доналд Трамп одржа два самита со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун во 2018 и во 2019 година. Во 2017 година, Северна Кореја уште еднаш го зголеми тестирањето на ракетите, вклучувајќи и ракети со голем дострел за кои се сметаше дека можат да стигнат до САД. Иако земјата ги паузира своите тестови во 2018 година за време на приближувањето меѓу Трамп и Ким, долгорочните дипломатски резултати не се остварија. Стравот од Северна Кореја меѓу Американците забрзано се зголеми во 2018 година, но оттогаш темата не е приоритет.
Стравот од меѓународен тероризам е проблем за сѐ помалку Американци. Кога истражувањето беше спроведено во 2016 година, три четвртини од Американците го сметаа за критична закана. Во меѓувреме, тој процент се намали на 54 отсто.