Неверојатно, една третина од Американците веруваат дека постојат вонземјани.
Во истражувањето на „Галуп“ од 2019 година се наведува дека дури 33 проценти од американските возрасни државјани се убедени дека постојат вселенските летала и вонземјани. Дури 60 проценти од испитаниците изјавиле дека веруваат оти сите случки со неидентификувани летачки објекти (НЛО) се предизвикани од човечки фактор, но и од природен феномен. Токму ваквото истражување наведува на заклучок дека вонземниот живот е вообичаена тема меѓу Американците. Многумина исто така веруваат дека Владата одамна знае за постоењето на други форми на живот надвор од планетата. Оваа гледна точка беше популарна и во современите митови за класифицираниот објект на воздухопловните сили „Ареа 51“ во Невада. Исто така, во 2019 година, повеќе од половина од Американците изјавиле дека американската администрација крие сознанија за НЛО. Во истражувањето на „Јоугов“, само 27 проценти од испитаниците рекле дека сметаат дека горенаведеното е малку веројатно, додека 19 проценти рекле дека не знаат.