Мнозинството Американци не се согласуваат со начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп се справува со ситуацијата во Иран, покажуваат податоците од најновата анкета објавена од агенциите Ипсос и Ројтерс.
Според резултатите од испитувањето, 53 отсто од американските возрасни лица анкетирани на 6 и 7 јануари изјавиле дека во одреден степен не се согласуваат со постапките на претседателот на САД. Од друга страна, 39 отсто од испитаниците изјавиле дека цврсто се противат на однесувањето на Трамп.

Одговорите главно се поделени по партиски линии. Според податоците, 86 отсто од демократите не го одобруваат справувањето на Трамп со Иран, додека 79 отсто од републиканците го одобруваат, со што вкупниот сооднос е приближно 50 спрема 40 против претседателот. Истовремено, околу десет отсто од Американците немаат став за ова прашање.

Анкетата е спроведена по убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во напад на американско беспилотно летало на меѓународниот аеродром во Багдад, по што Техеран се одмазди со ракетни напади врз американски бази во Ирак.