Каде сè американската војска користела крстосувачки ракети од нивната прва употреба во Заливската војна во 1991 година

Последниот ракетен напад против Сирија што го нареди американскиот претседател Доналд Трамп е трет напад врз оваа земја во текот на долгата традиција на прецизни ракетни напади на американската војска. Овој пат и британската и француската војска учествуваа во нападот со неколку проектили.

Ракетите беа лансирани по обвинувањата дека силите на Башар ал Асад употребиле хемиско оружје во Дума, предградие на Дамаск. Од бродови и од авиони беа лансирани над 100 ракети, наводно против цели за производство на хемиско оружје во Сирија.

На графиконите е прикажано каде американската војска користела крстосувачки ракети од нивната прва употреба во Заливската војна во 1991 година. Со 210 лансирани ракети на нејзина територија, Сирија се приближува на втората позиција на листата на најракетирани држави, чиј рекорд го држи бивша Југославија, но уште е далеку зад Ирак.