Пекинг со најмногубројна армија во светот

235

Кога станува збор за чиста човечка сила, ниедна држава во светот не може да се спореди со Кина. Според процените на „Глобал фајрпауер“, Народна Република Кина актуелно располага со околу 2,19 милиони активни воени лица. Зад неа далеку заостануваат Индија на второто место со 1,45 милион и САД на третото место со 1,40 милион војници. Северна Кореја и Русија се единствените други држави во светот што имаат над еден милион активни воени лица. Иран, кој очигледно беше на раб на војна со САД во текот на мандатот на Трамп (и во неколку други наврати во минатото), е на осмото место со 525 илјади припадници.