Најголеми финансиски измамници во Европа

142

Европската канцеларија за борба против измамата (ОЛАФ) има задача да истражи малверзации против буџетот на ЕУ, корупција и сериозно лошо однесување во рамките на европските институции. Таа е исто така одговорна за развој на законодавство и политики за борба против измамата. ОЛАФ го објави својот годишен извештај за заштита на финансиските интереси на ЕУ, според кој Унгарија има најголем процент финансиски неправилности во однос на која било друга земја-членка на ЕУ оваа година.

Во периодот меѓу 2015 и 2019 година, ОЛАФ спроведе 235 истраги за злоупотреба на европските структурни и инвестициски фондови и земјоделски исплати, со препорака Европската комисија да врати 0,36 отсто од вкупното финансирање поради неправилности. Унгарија имаше 43 испитувања и препорачаната стапка на враќање на средствата е највисока досега во ЕУ, со речиси четири отсто. За споредба, Словачка ја има втората највисока препорачана стапка на враќање средства, од само 0,44 отсто. Унгарската влада на извештајот одговори со обвиненија против политиките иницирани од претходната социјалистичка влада, како што е проектот „Метро 4“ во Будимпешта, кој беше заглавен во контроверзии поради обвинувања за корупција.