Наместо за ветерани, Трамп троши на воени паради

92

Воената парада на американскиот претседател Трамп ќе се одржи на 10 ноември оваа година. Со воената парада ќе се одбележи 100-годишнината од крајот на Првата светска војна, која официјално заврши на 11 ноември 1918 година. Toa исто така се совпаѓа со Денот на ветераните, американскиот државен празник во чест на американските војници. Целиот настан ќе ја чини Владата околу 12 милиони долари и ќе вклучува воен персонал облечен во воени униформи од различен период, а ќе има и перформанс на борбените авиони.

Ветераните се соочуваат со многу проблеми во САД, кои варираат од недостапно здравствено осигурување до сиромаштија. Парите што ќе се потрошат на парадата би можеле да се пренасочат за да се вработат дополнителни 110 психолози за ветераните или да им се обезбедат дневни оброци за сите ветерани што живеат во сиромаштија. Исто така, Владата може да ги потроши тие средства сите ветерани да ги однесе на екскурзија до Големиот кањон или да му купи осум пива на секој ветеран во Њујорк.