Кој ги украсува новогодишните елки

105

Иако некои можеби сѐ уште веруваат дека фабриките за играчки и други подароци на Дедо Мраз се кријат на Северниот Пол, сепак некој друг ја врши тешката работа кога станува збор за новогодишните украси.
Според статистиките од базата на податоци на Обединетите нации „Комтрејд“, Кина учествува дури со 70 проценти во глобалниот извоз на светилки за новогодишните елки и 83 проценти во извозот на други новогодишни украси, со исклучок на свеќи и природни елки.
Како што илустрира графиконот, ниту една друга земја ни приближно не го носи празничниот дух во нашите домови како Кина. Со вкупна извозна вредност од 6,47 милијарди долари во 2019 година, индустријата за божиќни и новогодишни подароци на Кина значително ги надмина идентичните индустрии на второ и треторангираните Холандија и Камбоџа.