Кои држави имаат обезбедено најмногу вакцини против ковид-19

263

Универзитетот „Дјук“ ги собира и анализира јавно достапните податоци за набавка и производство на вакцини, за да се добие подобра слика за производството и набавките на вакцини против ковид-19 по држави. Наодите ја истакнаа нееднаквата борба меѓу земјите да обезбедат што е можно повеќе дози, а вкупниот број на резервирани веќе достигна 9,8 милијарди до 20 ноември. Од тој износ, земјите со високи примања обезбедија 3,49 милијарди дози, нациите со среден приход резервираа 828,8 милиони, додека нациите со понизок приход ќе имаат пристап до 1,75 милијарда.
Истражувачите на универзитетот „Дјук“ не беа во можност да најдат какви било директни зделки направени од земји со ниски примања, што укажува на тоа дека тие најверојатно ќе мора да се потпрат на резервите на вакцини од сојузот „Ковакс“. Во однос на прашањето кои земји најбрзо реагираа за да се снабдат со вакцини, податоците покажуваат дека Индија има обезбедено 1,6 милијарда дози, додека американската влада склучи зделки за 1,01 милијарда дози. ЕУ исто така успеа да обезбеди 1,43 милијарда дози до 20 ноември.