Кога стекнале жените право на глас

47

Нов Зеланд стана првата земја во светот што на жените им даде право на глас на парламентарните избори кога нејзиниот гувернер, лордот Глазгов, го потпиша Законот за избори на 19 септември 1893 година. Оттогаш до 1960 година жените стекнаа право на глас уште во 128 држави во светот, вклучувајќи ги и сите освен шест европски земји. Некои од европските влади што дозволија универзално право на глас по 1960 година се Швајцарија во 1960 година и Португалија во 1976 година.
По масовната европска деколонизација, жените се стекнаа со право на глас во 80 отсто од земјите во Африка во периодот од 1950 до 1975 година. Последни примери на земји што го направија овој потег, односно во кои жените стекнаа право на глас, се Кувајт во 2005 година и Обединетите Арапски Емирати во 2006 година. Графиконот користи податоци на центарот за истражување „Пју“, за да ја претстави мапата на земји во светот во кои жените стекнале право на глас, групирани според периодите кога го стекнале тоа право.