Каде е лоцирано светското наследство според УНЕСКО

214

Италија и Кина се домаќини на најголемиот број локалитети прогласени за светско наследство од УНЕСКО во светот. Двете земји можат да се пофалат со по 55 места што се сметаат за светско наследство, вклучувајќи ги историските центри на градовите Рим и Фиренца или италијанското крајбрежје Амалфи, како и Кинескиот ѕид и Забранетиот град во Кина. Овие места се вистински магнети за туристите. Списокот на УНЕСКО вклучува 1.121 локалитет во 167 земји што се прогласени за светско наследство. Со 49 места прогласени за светското наследство, Шпанија е на третото место пред Германија. САД имаат 24 наведени места, вклучувајќи го и Големиот Кањон, како и националниот парк Јелоустоун.