Индустрии што се најдобро приспособени за работење од дома

125

Работењето од дома стана нормално за безброј луѓе, бидејќи пандемијата на коронавирусот продолжува да предизвикува масовно нарушување на обврските. Ситуацијата има свои предности, како што се заштедите на време и пари од патувањата до работното место, како и поголема флексибилност. Но ваквото работење има и негативни страни, без разлика дали тоа е недостиг од социјална интеракција или на состаноци лице в лице. Вториот недостиг е ублажен до одреден степен со технолошките решенија како Зум, додека многу работодавци пријавиле повисоко ниво на мотивација и продуктивност.

„Линкдин“ неодамна спроведе анализа на актуелните нивоа на доверба во работењето од дома во САД, при што впечатоците се генерално позитивни. Околу 85 отсто од информатичарите велат дека можат да бидат индивидуално ефикасни кога работат од дома, додека 82 отсто сметаат дека целата индустрија може да биде ефективна. Оваа доверба е дополнета со неодамнешното соопштение на Твитер дека ќе им овозможи на сите свои вработени да работат од дома трајно, ако сакаат – чекор што според некои експерти беше наречен „дефинирач на ерата“.

Трендот е позитивен и во секторот на финансиите, каде што над 80 отсто велат дека тие и пошироката индустрија се ефикасни додека работат од дома. Разбирливо, поддршката е помала во индустриите што вклучуваат повисоки нивоа на човечки контакт. Само 29 отсто од луѓето вработени во малопродажниот сектор сметаат дека индустријата може да остане ефикасна преку работењето од дома. Сепак, бројката се зголемува малку на индивидуална основа, со околу 44 отсто. Останува да се види дали новите услови за работа поради ковид-19 ќе останат, но судејќи според смелиот потег на Твитер, знаците не се многу позитивни за работниците во дигиталните сфери.