Една минута на интернет во 2020 година

85
Многу аспекти од животот се преселија на интернет поради мерките против короната

Многу работи можат да се случат во живото за една минута. Но уште повеќе работи можат да се случат во само 60 секунди на интернет во 2020-та, во годината кога светот радикално се промени. Бидејќи глобалната пандемија на ковид-19 влијаеше на нашите животи на досега невидени начини, многу аспекти од животот, како работата, образованието, економијата или забавата, се преселија на интернет поради строгите карантински мерки воведени за спречување на ширењето на вирусот.
Според податоците собрани од „Вижуал капиталист“, во една минута на интернет има повеќе од 400.000 часа видео емитувано на Нетфликс, 500 часа видеоматеријал прикачен од корисниците на Јутјуб и речиси 42 милиони пораки споделени преку Ватсап. Во истата таа минута на интернет се испорачани над 6.500 пакети од „Амазон“ и се регистрирани неверојатни 208.333 учесници на состаноци одржани преку Зум.