Биткоинот троши повеќе струја од цела Швајцарија

78

Криптовалутата биткоин, меѓу другото, е критикувана поради нестабилноста на вредноста и нејзината употреба при нелегални трансакции, како и за кражбите при размена. Но еднакво контроверзна е и поради енергијата што треба да се потроши за таа да се создаде. Универзитетот „Кембриџ“ објави нова интернет-алатка што го проценува количеството електрична енергија што ја троши криптовалутната мрежа и ја споредува со други ентитети. Така, се проценува дека биткоинот годишно троши по 61,76 терават-часа (TWh) електрична енергија, повеќе од многу земји и речиси 0,3 отсто од светската потрошувачка на електрична енергија.

Чешка, на пример, троши околу 62,34 терават-часа, додека Швајцарија троши 58,46 терават-часа годишно. Всушност, ако биткоинот беше држава, тоа ќе беше 41-та земја според големината на енергетски потреби во светот. Сета таа жед за електрична енергија доаѓа од компјутерската моќ што е потребна за т.н. рударење, што е процес во кој машините се поврзани со мрежа за да ги проверат трансакциите, што подразбира решавање загатки. Некои „рудници“ на биткоин се преселени на места како Исланд, за да ги намалат трошоците, поради огромните количества геотермална. Истовремено, студениот воздух од Арктикот помага за ладење на уредите.