Кога Џо Бајден стана претседател на САД, една од најтешките задачи на неговата администрација беше зајакнувањето на довербата во американската влада и надминувањето на општествените поделби. Покрај недовербата во Владата, нацијата е поделена како никогаш досега, а новото истражување покажа дека само 39 отсто од американската јавност имала доверба во Владата на крајот на 2021 година, што е намалување за три процентни поени во однос на 2020 година. Откритијата се резултат на истражувањето на „Еделман“ за довербата во владите, во кое беа вклучени 36.000 лица во 28 земји, кои ја искажаа својата доверба во разни институции во ноември 2021 година. Бројките за САД се многу пониски од оние на други земји, со тоа што довербата во Владата во Канада изнесува 53, а во Австралија 52 отсто. Во Велика Британија, каде што владината стратегија за брегзит се покажа како многу контроверзна, јавната доверба во институциите изнесуваше 42 отсто на крајот од минатата година.
Некои од највисоките нивоа на доверба во Владата се забележани во Азија, каде што 91 отсто од испитаните Кинези одговориле дека имаат доверба, покрај 82 отсто од анкетираните граѓани на Саудиска Арабија и 74 отсто од населението во Индија. Најнизок рејтинг има во Аргентина, каде што само 22 отсто од испитаниците изјавиле дека ѝ веруваат на тамошната влада.