Иако живеењето во Швајцарија е околу 12 отсто поевтино од Њујорк, според индексот за живејачка и кирија на „Намбео“ (КОЛПРИ), алпската држава сè уште е на врвот на листата на најскапи држави за живот во светот во 2020 година. Како што покажува инфографикот, таа не е единственото место на Стариот Континент каде што животот е многу скап.
Со Исланд, Норвешка, Луксембург и Ирска, пет од осумте највисоко рангирани држави се наоѓаат во Европа, иако има големи разлики во двата одделни индекси што го сочинуваат КОЛПРИ. Што се однесува до чистата цена на живејачка без трошоците за кирија, Швајцарија предничи со околу 122 поени, додека Норвешка и Исланд во голема мера имаат идентична основна вредност од 100 поени, која одговара на вредноста на цените во Њујорк, кој се смета за референтен град. Индексот на трошоците за живот на „Намбео“ ги вклучува најдобрите прогнози за просечните трошоци на едно четиричлено семејство, кои се движат од облека, храна, јадење надвор од домот, превоз, рекреација и јавни услуги. Додека индексот за киријата ги зема предвид процените за изнајмување станови со една и три спални соби, во и надвор од центарот на градот.