Новите податоци што ги објави Советот за светски туризам и патувања покажуваат дека пандемијата му нанела катастрофален удар на светскиот туризам лани. Овој сектор претрпи загуби од речиси 4,5 милијарди долари со тоа што неговиот удел во БДП драстично се намали за 49,1 отсто во споредба со 2019 година. Беа загубени 62 милиони работни места лани додека потрошувачката на домашните и меѓународните туристи опадна за 45 и за 69,4 отсто соодветно. Во САД загубите достигнаа околу 766 милијарди долари во туристичкиот и патниот сектор, што резултираше со намалување на БДП од 8,6 на 5,3 отсто. Кина исто така регистрираше огромни загуби од нешто под една милијарда долари во секторот, а неговиот удел во БДП падна од 11,6 на 4,5 отсто.