Студија на ВПН-провајдерот „Сурфшарк“ откри дека најмалку достапниот интернет на планетата е исто така најлош. Според индексот за дигитален квалитет на живот во 2020 година, Нигеријците ќе мораат да работат повеќе од 33 часа во просек за да можат да си дозволат најевтин месечен широкопојасен интернет. Многу земји во Латинска Америка ги мачи истиот проблем. Филипините најлошо котираат во Азија, затоа што им се потребни повеќе од седум работни часа со просечна плата за еден месец широкопојасен интернет и покрај лошиот вкупен квалитет.
Сепак во Азија може да се дојде и до исплатлив интернет. Еден месец интернет чини помалку од просечната саатница во Јапонија, Кина и Непал, а нешто над неа во Индонезија и во Сингапур. Сингапур и Индонезија ги имаат најбрзите широкопојасни врски во истражувањето, кое исто така се смета за сосема сигурно.
Достапни и стабилни интернет врски може да се најдат во Канада, Израел и во многу земји во Европа. Неколку источноевропски нации и Иран нудат голема достапност и стабилност, но не можат да се пофалат со брзината. Црна Гора се истакнува како земја со најмалку достапен интернет во Европа, по цена еднаква на седум часа работа.
Додека високите цени за лошата услуга изгледаат навидум контрадикторни, нерамнотежата може да се објасни со слабата инфраструктура и пониските стапки на достапноста на интернет во некои земји, што ја зголемува цената на производот кој сè уште го нема посакуваниот квалитет.