Приматот на најсреќно место за живеење сè уште го држат три скандинавски земји, како што се наведува во светскиот извештај за среќа за 2020 година. Финска, Исланд и Данска се меѓу најсреќните држави за живот во студијата која се базира на анкетите на „Галуп“ како и на развојните показатели. Покрај пандемијата на ковид-19, рејтинзите на среќа не се променија многу во најголем дел од светот за 2020 година. Повеќето анкети за извештајот беа спроведени за време на првиот бран на пандемијата лани во пролетта.
Швајцарија се искачи две места погоре за разлика од 2019 година и изби на четвртото место. Германија се искачи дури 10 места и се зацврсти на седмата позиција. Нов Зеланд е единствената неевропска држава која влезе меѓу десетте најсреќни држави додека Канада е рангирана на 15-то место. САД од 19-то се искачија на 14-то место додека Велика Британија забележа пад од четири места и се најде на 18-та позиција. Израел е втората највисоко рангирана земја надвор од Европа и се најде на 11-то место додека Тајван на 19-то место највисоко котира од азиските земји. Од африканските држави, Нигерија има највисок рејтинг на 59-то место.