Секој трет автомобил во светот е произведен во Кина

Речиси една третина или поточно 32 отсто од сите автомобили произведени во светот во 2019 година всушност потекнуваат од Кина. Како што покажуваат податоците од Здружението на производители на автомобили ОИЦА, светот сега произведува помалку автомобили отколку што произведувал во 2014 година, но неколку азиски пазари всушност беа во можност да го зголемат обемот на производство.
Индија регистрира едно од најголемите зголемувања, речиси 15 отсто за пет години, на 3,6 милиони автомобили годишно. Најголем пад во производството имаше кревката американска индустрија на автомобили, која загуби 40 отсто од домашното производство меѓу 2014 и 2019 година.

Германија исто така произведува помалку автомобили дома, а германските производители како „Фолксваген“ се „виновни“ за зголемувањето на кинеското производство. Во 2019 година, кинескиот пазар учествуваше со околу 39 проценти од вкупната продажба на „Фолксваген“. Променливите локации на производство се само еден аспект на интернационализацијата на автомобилската индустрија. Знаењето, исто така, мигрира со производството, при што етаблираните производители влегуваат во заедничко вложување со кинески или други азиски компании, кои обично вклучуваат трансфер на технологија.