Според податоците на Меѓународниот институт за мировни истражувања во Стокхолм (СИПРИ), најголемиот увозник на британското оружје во последните пет години е Саудиска Арабија, а далеку зад неа се Оман и САД. Во анализата се користени „вредностите од сегашните трендови (ТИВ)“ кои се базирани на достапните податоци за производствените трошоци за оружје и го претставуваат трансферот на воени ресурси наместо финансиската вредност на трансферот.