Автомобилската индустрија е еден од секторите кој беше најмногу погоден од прекините во синџирите на снабдување и светскиот недостиг на чипови што беа предизвикани од пандемијата на ковид-19. Ова не ја спречи да се најде под лупа за нејзината улога во климатските промени без разлика дали се должи на производствениот процес или произведените автомобили. Кога станува збор за автомобилите, нивните купувачи во Европската Унија (ЕУ) се чини дека ја играат својата улога во намалувањето на влијанието од возилата што користат фосилни горива.
Во првите девет месеци од 2021 година, бројот на регистрирани возила на нафта или на дизел-гориво се намалил за девет и 8,5 отсто соодветно, споредено со временската рамка од претходната година, според податоците на Европската асоцијација на автомобилски производители (АЦЕА). Од друга страна, бил забележан раст од 8,8 отсто во регистрациите на возила со хибриден електричен погон, со тоа што нивниот пазарен удел на регистрирани автомобили меѓу јануари и септември оваа година е околу еден отсто помалку од оние на дизел-гориво. Севкупно, уделот на автомобили со алтернативен погон продолжува постепено да расте и на тој начин сочинува повеќе од една третина од новорегистрираните автомобили во ЕУ во првите три квартали од оваа година.