Во истражувањето на порталот „Флексџобс“ за работните места, зачудувачки 65 отсто од испитаниците кои работат од дома во текот на пандемијата одговориле дека сакаат да продолжат со тој начин на работа и во иднина, а 58 отсто одговориле дека би барале друга работа ако треба повторно да се вратат назад в канцеларија. Само два отсто одговориле дека би сакале да се вратат назад в канцеларија додека 11 отсто истакнале дека работењето на далечина не им било неопходно. Една третина од испитаниците во анкетата посочиле дека исто така бил посакуван и хибридниот начин на работа.Испитаниците генерално биле едногласни околу најголемите предности на работењето од дома, со тоа што 84 отсто се изјасниле дека им заштедило време на превоз, а 75 отсто одговориле дека ваквиот начин им заштедил пари.