Подемот на машините веќе е почнат и за тоа говорат и податоците од Меѓународната федерација за роботика. Тие откриваат дека темпото на индустриска автоматизација се забрзува во поголемиот дел од развиениот свет со 74 инсталирани индустриски роботи на 10.000 вработени на глобално ниво во 2016 година. До 2020 година, тој број се зголеми на 113 роботи во производствениот сектор. Азија има густина на роботи од 118 единици на 10.000 работници и таа бројка е 114 и 103 во Европа, односно во Северна и Јужна Америка. Кина е една од земјите што забележува највисоки нивоа на пораст во индустриската автоматизација, но ни таа нема толкава густина на роботи како Јужна Кореја.

Во 2019 година, Јужна Кореја има инсталирано 855 индустриски роботи на 10.000 работници. Тоа главно се должи на континуираната инсталација на роботи со голем волумен во електронскиот и електричниот сектор. Германија и Јапонија се познати по својата автомобилска индустрија и имаат густина од околу 350 роботи на 10.000 работници. Интересно, Јапонија е еден од главните играчи во индустриската роботика, сочинувајќи повеќе од половина од глобалното снабдување.

Во САД, темпото на автоматизација е побавно со густина од 228. Кина сака да го зголеми своето ниво на автоматизација во наредните години и има за цел да заземе место меѓу водечките десет земји во светот според густина на роботи до крајот на годината. Таа имаше густина од 25 роботски единици во 2013 година, кои се зголемија на 97 единици до 2017 година, додека лани таа бројка порасна значително на 187 роботи.