Светскиот економски форум и „Прајсвотерхаус куперс“ објавија пресметки што покажуваат дека формирањето на меѓународната цена за јаглеродните емисии може да ги намали глобалните стакленички гасови за 12 отсто, а да чини помалку од еден отсто од глобалниот БДП.
Боб Мориц, кој е глобален претседавач со „Прајсвотерхаус куперс“, коментираше дека „тоа може да се постигне без сериозни економски штети по егзистенцијата и бизнисот, иако ефектите би биле нееднакви во светот додека многу поголеми се трошоците за општеството и деловната сфера од неуспехот да дејствуваат.“ Извештајот се базира на шемата што ја предложи ММФ на почетокот од оваа година, според која, компаниите со високи емисии на стакленички гасови во богатите држави ќе подлежат на јаглероден данок од 75 долари за секој тон испуштен јаглерод диоксид. Ова би паднало на 50 долари за тон во земјите со средни приходи, а 25 долари во земјите со ниски приходи. Како што покажува инфографикот со помош на податоците од ОЕЦД, цените на јаглеродот многу се разликуваат меѓу најголемите светски економии. Некои од најстрогите политики за јаглерод се неговото даночење што го спроведоа европските земји. Во секој случај, гледајќи ги конкретно земјите од Г20, ОЕЦД предупредува дека итно се потребни понатамошни чекори, бидејќи „околу половина од сите емисии во земјите од Г20 остануваат неоданочени, а нивоата на цените не се доволно високи за успешна транзиција кон нето нула емисии“.