Центарот на НАСА за истражување небески тела што минуваат покрај Земјата будно внимава на небото, испитувајќи над 26.000 астероиди и помал број комети што минуваат во близина на нашата планета. Од астероидите што поминуваат во близина на Земјата, над 2.000 претставуваат опасност, од кои 158 имаат дијаметар поголем од еден километар што ги прави 2,5 пати повисоки од „Емпаер стејт билдинг“. Секој што има познавања од палеонтологијата знае дека ако гигантски астероид ја погоди Земјата ќе има сериозни штети по животот на планетата. Всушност, постојат докази дека ова можеби е една од најголемите причини за изумирање на живиот свет во текот на периодите креда и терцијар. Но не е потребен само огромен астероид за да се предизвика масовна штета. Еден астероид кој имаше дијаметар од само 10 метри експлодираше со сила еквивалентна на 10 атомски бомби, како во Хирошима на 25 километри над Берингово Море во декември 2019 година. Ниту една меѓународна или национална вселенска организација не го забележа малото небеско тело пред да се распадне над Земјата.
Со напредокот на технологијата низ годините, луѓето почнаа подобро да забележуваат што прелетува на небото. Според центарот на НАСА, до 1900 година биле забележани само неколку небески тела, а таа бројка не се промени премногу до крајот на векот. Почнувајќи од 1990 година, на небото биле забележани само 134 астероиди што минале покрај Земјата и 42 потенцијално опасни небески тела. За споредба со последните официјални податоци од јуни оваа година, во близина на нашата планета минале 26.115 астероиди и 2.185 потенцијално опасни небески тела.