Според најновото истражување што го објави „Лансет“, во светот беше регистрирано ново највисоко ниво од 1,1 милијарда пушачи во 2019 година. Иако уделот на пушачи од светското население се намали драстично, сепак порастот на бројот на жители на светско ниво доведе и до зголемување на бројот на пушачи. Во неколку држави во Азија, како и во Русија, сè уште има непропорционален број на пушачи во споредба со нивниот удел во светското население. Според списанието „Лансет“, на врвот на листата се наоѓа Кина каде што просечно се наоѓа секој трет пушач во светот.

Сличен заклучок донесе и истражувањето по земји на „Статиста“, во чија анализа Кина има удел од 28 отсто на пушачи од испитани 127 држави, што претставуваат 92 отсто од светското население. Индонезија исто така го надминува својот пропорционален удел на пушачи за 100 отсто во споредба со населението додека Русија и Јапонија имаат удел од четири и 2,2 отсто соодветно во бројот на пушачи во светот. Други држави каде што уделот на пушачи го надминува оној на населението се Германија (два отсто пушачи наспроти 1,2 отсто од населението) и Франција (1,6 отсто пушачи наспроти 0,9 отсто од населението).

Индија е исклучок во Азија. Во САД, Пакистан и во Бангладеш уделот на пушачи е пропорционален со населението.