Смртта на еден гигант

6607
Вработените во „Ербас“ работат на производствената линија за авионот „А380“ во јужна Франција

Коронавирусот го забрза пропаѓањето на „ербас А380“, најголемиот светски авион, бидејќи авијациската индустрија се обидува да се приспособи на поевтината побарувачка за воздушно патување, што во суштина го прави овој суперџамбо авион непожелен

„Ербас А380“ го направи својот прв лет пред 15 години, поточно на 27 април 2005 година, по повеќе од една деценија на развој. Две години подоцна тој влезе во ранг на „Боинг“ и директен конкурент за долги релации на „Боинг 747 џамбоџет“. Иако авионот е сертифициран за превоз до 853 патници, авиокомпаниите со „А380“ никогаш не го искористиле тој максимален капацитет, а распоредот во кабината ретко надминува над 500 места. Економската исплатливост на леталото го стави директно во линијата за отпуштање поради коронавирусот, бидејќи авиокомпаниите се борат да ги пополнат дури и своите најмали авиони заради мерките за пандемијата, карантинот, но и слабата побарувачка на потрошувачите. За повеќето тоа ќе биде загуба на краток или подолг среднорочен период.

Минатата недела „Ер Франс“ објави дека привременото заземјување на своите девет „А380“ летала ќе стане постојано, со што допрва ќе го донесе датумот за целосно пензионирање на возниот парк за цели две години. Одлуката е направена сѐ со цел авиокомпанијата да избегне трошоци во висина од 500 милиони евра за нивно одржување. „Луфтханза“ исто така најави дека ќе ја намалува големината на возниот парк и планира да управува само со авионите од нејзината база во Минхен. Карго одделот на германскиот превозник во моментов располага со „А380“ за употреба во товарни цели иако авионот засега седи во гаража. Аналитичарите во авијацијата посочуваат дека „А380“ може да има иднина единствено како товарен авион, при што предупредуваат дека трошоците за неговата повторна намена е идеја која веројатно ќе се планира уште долго време.

Во меѓувреме, другите авиокомпании кои управуваат со овој авион како што се „Бритиш ервејс“, корејскиот „Кантас“ и други, допрва треба да појаснат каква судбина го чека суперџамбо леталото. Од друга страна, „Ербас“ на почетокот на 2019 година објави дека ќе престане со производство на „А380“ во 2021 година, откако најголемиот клиент „Емирати“ ја намалија бројката на нарачани авиони. Авиокомпанијата „Гулф ерлајнс“, исто така погодена од пандемијата, сега размислува дали ќе биде потребно уште едно намалување на нарачките.
Плановите за воспоставување профитабилен половен пазар за авиони исто така изгледа дека се оштетени од влијанието на појавата на вирусот. Еден авион „А380“ веќе е расфрлан на парчиња за резервни делови и материјали наместо да биде понуден за закуп или продажба на друга авиокомпанија.

Глобалното нарушување предизвикано од пандемијата се предвидува да ја задржи побарувачката на нови летала под нивото на 2019 година за уште најмалку две години, што значи дека авионите со голем капацитет се на дното на приоритетните списоци. Влијанието на забрзаната смрт на работните места во „Ербас“ допрва треба да се види јасно. Кога фирмата најави дека производство ќе престане, тогашниот извршен директор Том Ендерс рече дека единиците посветени за производство на делови за „А380“ ќе бидат прераспоредени.

Загубите во работните места заради ефектот од пандемијата се чувствуваат врз книгата за нарачки на „Ербас“, но воздухопловниот гигант сè уште е во разговори за тоа каде треба да се направат скратувањата. Нејзиниот снабдувач на мотори, „Ролс Ројс“, веќе објави дека ќе отпушти до 9.000 работници. Од друга страна, за „А380“ веќе се зборува за истата судбина како суперсоничниот авион „конкорд“, што се пензионираше во 2003 година со оглед на неговата технолошка супериорност која ја имаше во тој период.

Се претпоставува дека и двата авиони ќе бидат однесени надвор од службата побрзо отколку што се очекуваше. Трагична несреќа во 2000 година направи да го забрзаа крајот на програмата „Конкорд“. Иако животот сè уште не е завршен за „А380“, неговата долгорочна иднина веќе некое време е напишана на небото. Коронавирусот само направи судбината на овој авион да биде сè појасна.